Реклама
Опа!Фитнес

Еве зошто НЕ треба да верувате во се што ќе видите на Инстаграм – генијални трикови со кои девојките изгледаат како манекенки!

Реклама

Она што го гледаме на социјалните мрежи најчесто не е реално

Тоа го докажа и Кејт Весли која објави видео со кое илустрираше колку Фотошоп се користи за да настанат совршени фотографии што девојките од целиот свет ги објавуваат на социјалните мрежи.

Маркетинг

Таа покажа како за само неколку секунди можете да го избришете целулитот, колковите да станат потенки, а половината потесна. „Можеби е фотошоп, можеби позата, а можеби личноста со која се споредувате има потполно поинаков облик на телото од вашето. Кога ќе се споредите со некој на интернет, мислите на своите маани, а ги гледате само најдобрите делови од она што некој одлучил да го сподели со светот“, напиша Весли.

Нејзината порака е поприлично јасна и едноставна – Инстаграм не е вистинскиот живот и да се споредуваме со некој што го гледаме на фотографиите на оваа социјална мрежа е далеку од вистинска борба.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Bpgn7RmAVz9/?utm_source=ig_embed

 

Нејзината искрена објава ги воодушеви сите.

„Толку искрено! Ти благодарам што ги напиша овие зборови и ја објави фотографијата. Навистина треба да бидеме пореални со луѓето што ги гледаме и следиме на Инстаграм“, коментираше една нејзина пријателка.
.
https://www.instagram.com/p/BmOGUzPgK8w/?utm_source=ig_embed

Весли пред неколку месеци објави сопствена фотографија на која позира во бикини и со која сакаше да им помогне и на другите жени да го прифатат своето тело, без разлика на неговата големина и обликот.

https://www.instagram.com/p/BnryNIAHAWI/

„Физичкото здравје е важно, но никако не смееме да заборавиме и на менталното. Бидете постојано добри кон самите себеси. Да се потсетиме дека сите сме луѓе со свои сопствени несигурности и тоа е во ред. Бидете свои“, порача таа под фотографијата со која собра илјадници лајкови.

https://www.instagram.com/p/BngB6iMAOu4/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button