Најпознатиот македонски бренд и оваа сезона не однесе на ново модно патување
Овој пат местото за преставување на новата колекција на Астибо за есен/зима 2018/2019 беше добро познатиот Штип и магичниот Астибо Плаза, луксузен ресторан наменет за свадби кој се наоѓа во близина на самата фабрика. Просторот и атмосферата изгледаше величествено, впрочем како и самата колекција за која имаме само пофални зборови. Колекцијата е составена од бројни шармантни комплети кои се совршен избор како за деловни, така и за вечерни изданија, а покрај неодоливите капути со кои веќе со години овој бренд не воодушевува (најмногу ни се допадна црвениот модел „Munston“ со ефективни ракави), во фокусот ни се и следниве неколку фустани и екстравагантниот црн комбинезон кој секоја дама би посакала да го има во своите плакари.
Па, погледнете ги и останатите модели од познатата модна куќа кои нашите модни уредници ги избраа како најдобри за оваа сезона …