Соновите за бременоста и бремените жени речиси секогаш имаат позитивни најави, па дури и ако маж сонува дека е бремен.
Женска личност сонува дека е бремена
Ако се сонувате себеси дека сте бремемни, тоа значи дека ќе ви се остварат некои долго очекувани желби. Ви претстои период на среќа и благосостојба.
Жена сонува бремен маж
Ви претстои добро дружење со вашите пријатели. Среќа и веселба. Ќе станете многу позитивна личност.
Сонување дека некоја непозната личност е бремена
Ако видите друга бремена жена во сон која не ви е позната, значи дека ве очекуваат непријатности. Можно е да не сакате да останете бремени барем овој период, па тоа ве оптеретува. Ако имате проблем во бракот или врската, овој сон означува дека стравувате од тоа дека партнерот ќе ве изневери.
Сонување дека бремена жена престанува да биде бремена
Животот ќе ви се врати во нормална рутина, после некои долгорочни проблеми. Ќе уживате во промените.