Овие меки колачи не содржат пченично брашно и јајца, па одлични се за луѓето кои се склони кој алергија. Рецептот исто така може да се прилагоди и на оние кои се алергични на млеко.
Потребни состојки:
- 100 грама брусница
- 2 лажички ленено семен
- 140 грама овесно брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- Половина лажичка сода
- Половина лажичка сол
- Половина лажичка цимет
- 2 лажички путер
- 30 грама кафеав шеќер
- 50 грама кокосов шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 130 грама овесни снегулки
Начин на подготовква: Загрејте ја рерната на 180 степени и покријте два сада со хартија за печење. Измешајте го лененото семе со 3 лажички вода, во посебна чаша и оставете го на страна. Измешајте го брашното, прашокот за пеиво, содата, солта и циметот. Потоа измешајте го путерот и шеќерот, па мешајте додека не добиете пенеста смеса. Додајте го ванилиниот шеќер и лененото семе, па помешајте ги состојките за да добиете мека смеса. Измешајте го беашното со овесните снегулки, додајте ја бруснциата и изматениот путер со шеќер. Направете кругови со дебелина од околу 0,5 сантиметри и ставете ги во садот за печење. Оставе повеќе простор помеѓу колалите, затоа што ќе нараснат во текот на печењето, Печете 12 минути додека колачињата не добијат убава кафеава боја.