Оваа скапоцена чанта секоја дама би сакала да ја има во плакарите – погледнете како ја носи најубавата ѓена на светот
Пријанка е мошне активна во последно време
Откако во познатиот кафуле во Њујорк ја организираш моминската вечер месец дена пред што ќе застане под олтарот и ќе му се заколне на вечна љубов на десет години помладото момче, пејачот Ник Џонас, познатата актерка беше видена и пред хотелот „Four Seasons“ дотерана од глава до пети во уште едно беспрекорно есенско издание.
Папараците го следеа секој чекор на убавата Индијка, Пријанка Чопра, додека го напушташе познатиот њујоршки хотел. Таа носеше ефектен црвен фустан со потписот на њујоршката дизајнерка Нили Лотан и беж капут од „Max Mara“, а целото издание го зачини со подеднакво атрактивен модел – кружни златни „ring“ обетки, црвени чизми со потписот на модната чука Fendi, црни ретро очила за сонце од брендот „Oliver Peoples“ и скапоцена „Louis Vuitton“ чанта која со години стана статусен симбол и престижен модел.
Само еден ден претходно познатата убавица беше видена во црно-розев „психоделичен“ костум со потписот на дизајнерката Ен Суи, а целото издание го заокружи со кадифени чизми од „Altuzzara“, и ретро очила за сонце од колекцијата „Michael Kors and Jordan Askill X Le Specs“.