Познатата актерка во овој фустан од омилениот бренд на Меган Маркл изгледа неодоливо!
Познатата актерка беше гостинка на настанот „Women of the Year“ што го организираше „Harper’s Bazaar“
Титулата за една од најдобро облечени холивудски дами на црвениот килим, 33 годишната убавица Кира Најтли, повторно ја одбрани со оваа прекрасна комбинација за која беше заслужна славната уредника на британското издание на магазинот „Harper’s Bazaar“, Лит Кларк.
Таа својата позната клиентка ја облече во ефективен фустан во бебешка сина боја со асиметричен крој и плисиран материјал. Во прашање е фустан со потписот на омилениот бренд на Меган Маркл – француската модна куќа „Givenchy“ на чело со британската дизајнерка Клара Вејтт Келер во чија венчаница, но и многу други креации по венчавката се појави војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Кира фустанот го носеше со плико чанта во сина боја со седефест сјај и бели салонки со детали од циркони со потписот на „Saint Laurent“, а од накит носеше само децентни златни обетки кои беа полн погодок во комбинација со фустанот кој само по себе го има оној „wow“ ефект.