Британците ги анализираат и стапалата на Меган Маркл – „Вакви работи се случуваат кога постојано носите високи потпетици“
Британците будно го седат секој чекор на нивната нова војвотка, ама во буквална смисла на зборот.
Foto: Guliver Image/Getty Images
Имено, доволно беше Меган Маркл само да ги соблече високите потпетици и веднаш почнаа широки анализи, од тоа како изгледаат, па се до тоа дека има плускавци кои најверојатно се настанати од високите потпетици што ги носи постојано во нејзиниот живот.
Имено, само во последните 16 дена бремената Меган имаше 76 договорени обврски, а повеќето од нив ги одработи во високи потпетици. И откако мораше да се соблече во куќата на Маоро во Нов Зеланд, фотографите се фокусираа на нејзините стапала. Тие забележаа дека има плускавица на едната нога и белег на другата, најверојатно исто така од отстранување на плускавица.
Магазинот „Дејли меил“ дури праша за мислење еден доктор:
„На десната нога најверојатно има плускавец или задебелување на коската. Претераното носење високи потпетици може да допринесе до појавата на вакви несакани израстоци на нозете. Тоа можеби е и случајот со Меган“, изјави ортопедот Роберт Даф, а пренесе „Дејли меил“.