Опа! Меган Маркл ги покажа гаќичките во потполно проѕирно здолниште – Британците воодушевени, кралицата шокирана!
Првата кралска турнеја на војводата и војвотката од Сасекс заврши
Нивната последна станица беше новозеландскиот град Роторуа за кој Меган Маркл го чуваше своето најдобро издание. Таа турнејата ја заврши од глава до пети облечена во кралска сина нијанса, но со своето издание сепак ги прекрши кралските правила. Имено, таа и овој пат се потпре на омилената модна куќа „Givenchy“, а избра џемпер во сина боја и плисирано здолниште со средна должина од прозрачен материјал под кој јасно се гледаа нејзините гаќички.
Иако покажувањето на долната облека под проѕирните модели во последните неколку години стана потполно обично и општествено прифатливо, сигурно сме дека Кралицата дефинитивно не би го одобрила ова издание. Но голема е веројатноста и самата Меган да не била свесна дека здолништето е толку проѕирно, па тоа воедно беше и нејзиниот втор гаф на оваа турнеја (првиот можете да ги видите тука, само ве молиме, никому не кажувајте).