Овој рецепт можете да го приготвите за домашна слава, но и како десерт за вашите најмили.
Потребни состојки:
- 180 грама маргарин
- 100 грама прав шеќер
- 100 грама печени мелени лешници
- 200 грама брашно
- Џем од кајсии
Потребни состојки за глазура:
- 250 грама прав шеќер
- 100 грама чоколадо
- Половина чаша вода
- Еден маргарин
Начин на подготовка: Замесете тесто од сите состојки и оставете го да постои во фрижидер околу половина час. Развијте го до дебелина од половина сантиметар, извадете парчиња со калап и печете. Филувајте со џем. За глазурата варете го шеќерот со водата, па така смесата да стане густа како за слатко, па потоа ставете го изренданото чоколадо и постојано мешајте. Додајте го маргаринот и мешајте додека не се олади глазурата.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .