Неколку генијални употреби на НИВЕА кремот за кои сигурно не сте знаеле
Сигурно и вие барем еднаш сте го употребувале нивеа кремот, кој е со висок квалитет и има многу предности. Нивеа кремот во класичната плава кутија, со препознатлив мирис и едноставна формула, е незаменлив инвентар во бањите и на мажите и на жените. Но, овој крем не е добар само за брзо да ги освежите рацете и лицето, туку можете да го применувате и на многу други начини.
Против стареење
Пред спиење, ставете од кремот на местата каде што сте забележиле дека ви се појавуваат брчките и набрзо ќе забележите разлика.
Стрии
За да спречите настанувње стрии во бременоста, мачкајте го стомакот градите и колковите со нивеа крем.
Отстранување на шминка
Ако имате нивеа крем о вашиот дом, можете да заборавите на скапите средства за отстранување на шминката. Со него лесно може да ја отстраните и водоотпорната шминка.
Третирање мали изгореници
Доволно е само неколку секунди да допрете врела рингла, па прстот или раката да почнат ужасно да ве печат. Но, за ова нивеа ќе биде вашиот спасител и ќе ја смири вашата кожа.