Оваа српска невеста е хит на Интернет – златна венчаница, икони, големи силикони и деколте!
Снимката од венчавката на вицешампион во џудо Срџан Мрваљевиќ и неговата долгогодишна девојка Тамара стана хит на социјалните мрежи.
Венчавката на Тамара и Срџан Мрваљевиќ привлече голем интерес во регионот. Свадбата иако беше организирана пред месец дена во Белград деновиве експлодираше на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието беше провокативниот златен фустан на невестата.
Невестата носеше златен фустан со златен ремен околу појасот, и за разлика од повеќето невести таа наместо децентна, избра крајно несоодветна шминка. Таа златниот фустан со впечатливо деколте и со бројни голи делови го носеше и во црква и на свадбената веселба. Поради симболиката на самата боја, златните нијанси веќе со години се тренд на венчавките, но во главно најголемиот простор го заземаат меѓу свадбената декорација (каде најчесто се комбинира со бела боја). Ја поддржуваат принципите на фенг шуи, а и светските дизајнери кои со години креираат златни венчаници.
Но меѓу нивните предлози има многу посуптилни и поромантични модели, кои би биле далеку поприкладен избор за црковна венчавка (провокативните модели во главно се наменети за свадбените прослави).
Сепак, благодарение на фустанот, ова видео стана вирално и за само една недела има преку 300 илјади прегледи.
Мрваљевиќ порасна во Белград, но по потекло е од Црна Гора, а српските медиуми пишуваат дека е поврзан со тамошно криминално подземје. Сепскиот портал Блиц пишува дека Мрваљевиќ му е кум на Лука Радуловиќ, дилер на кокаин што беше убиен во април оваа година.
За неговата невеста Тамара се знае многу малце, но во српските медиуми ја нарекуваат старлета и пишуваат дека досега има направено голем број естетски операции. Па во ерата на силиконите и лажниот сјај очигледно и оваа млада впрочем како и многу други, реши да блеска преку секоја мера, па дури и на најважниот ден во нејзиниот живот.
Па, што мислите за нејзината венчаница?