Руската манекенка Анџелика Кенова има 30 години и на социјалните мрежи е позната како жива барбика.
Таа живее со нејзините родители кои уште од малечка ѝ го контролираат животот. Нивната контрола оди толку далеку што дури ѝ одредуваат што да јаде и колку да вежба, за да ја задржи витката фигура.
„Родителите ме одгледаа како принцеза и никогаш не смеев да излегувам со момчиња или да имам вообичаени возрасни искуства. Како резултат на тоа, не сум спремна за живот, како жива кукла сум“, признава манекенката.
Нејзината мајка е заслужна за нејзиниот денешен изглед, затоа што уште како мала ја облекувала како Барби. „Никогаш самата не избрав да бидам кукла, туку кога имав 6 години мајка ми почна да ми купува Барби кукли и да ме облекува како нив“, вели таа.
Анџелика тврди дека никогаш не била под нож: „Не сум имала ниту една пластична операција. Козметичките зафати се важни само тогаш кога личноста има некоја мана на лицето или телото“.