Жените Стрелци се вистински заводнички. Тие воодушевуваат со нивниот сексапил и убавина. Имаат просечна висина, спортски градени, а изгледа дека имаат и природен талент за истакнување. Често имаат убаво и по малку долго лице, високо чело и изразени светли очи. Тие сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но нема да погрешат и тогаш кога треба да се појават во полн сјај.
Често, овие жени се атрактивни за луѓе од различно потекло и од различна етничка припадност. Тие на овие разлики не гледаат воопшто негативно, туку напротив сметаат дека кога постои вистинска љубов, ништо друго не е важно, па така и ја заработуваат титулата „светски граѓани“. Дури и евентуалните партнери да се од исто потекло, тие ќе мораат да манифестираат висок степен на морал и да имаат личен интегритет. Овие две карактеристики жената Стрелец навистина ги цени. На нив им се привлечни партери кои имаат софистициран вкус и религиозна толеранција.
Кај жените родени во знакот Стрелец секогаш постои потребата за авантура и страст за патување. Без разлика дали се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација или во премногу обврзувачка љубовна врска, тие не сакаат да се чувствуваат задушено.