Реклама
BEAUTYФитнес

Нема повеќе изговори: Неколку лесни начини за да се мотивирате да вежбате

Реклама

Доколку не сакате да вежбате, секогаш ќе измислувате илјадници изговори кои мислите дека ќе ве оправдат. Секако дека не е лесно да се мотивирате, но можете да ги испробате овие лесни начини и да ја зголемите својата физичка активност.

1. Побарајте мислење за вашата форма од мало дете. Ќе добиете реален одговор и силен мотив за вежбање. Детската искреност ќе ве соочи со вистината, а детските зборови ќе одекнуваат во вашите уши секогаш кога ќе одлучите да го прескокнете вежбањето.

Маркетинг

2. Платете месечна членарина. Парите не можат да ви купат мотивација, но кога се однапред уплатени за тренинг во теретана или за часови по зумба или аеробик, тие можат да бидат многу голем мотив за вежбање. Повторувајте си дека со секој пропуштен тренинг, вие всушност фрлате пари во вода и е поверојатно дека нема да го занемарите вежбањето.

3. Направете музичка плејлиста. Музиката е една од најмотивирачките нешта кога зборуваме за вежбање. Таа има моќ да ве наполни со енергија и да ве натера да издржите што е можно подолго. Задолжително направете плејлиста која ќе ви даде енергија, која е брза и која ќе ве тера да се движите. Никој не сака да вежба со тажна музика. Сфатете го ова вака – додека вежбате имате одредено време да слушате одлична музика која ја сакате и притоа се грижите за вашето здравје.

Маркетинг

4. Најдете партнер за вежбање. Партнерот за вежбање е добра идеја бидејќи ќе ви биде жал да му откажете затоа што не ви се вежба. Додека вежбате, исто така можете меѓусебно да се мотивирате, нема да ви биде здодевно – особено ако тоа е некој ваш добар пријател или член на семејството.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button