Дали сакате да изгубите 3 килограми за 3 дена? Тогаш јадете моркови! Исхраната базирана на моркови не само што доведува до губење на тежината, туку и го прочистува организмот. За 3 дена можете да ослабнете и до 3 килограми. Диетата трае само 3 дена, но ако сакате да ја примените два пати, тогаш направете пауза помеѓу практикувањето.
Морковите се едни од најкорисните видови зеленчук. Тие содржат многу бета-каротен, витамини како што се Ц, Е, К, витамини од групата Б и елементи во трагови (калиум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, јод, цинк и други).
Четири или пет пати дневно јадете по една порција свежо рендани моркови. Количината е неограничена, но обично 2 големи моркови се доволни за една порција. Можете да ги направите како салата и да додадете малку сол и лимонов сок. Секоја порција моркови може да се јаде после порција свежо овошје: Јаболка, киви, грејпфрут, портокал. Јаболките можете да ги измешате со моркови, или пак да ги јадете одделно. Пожелно е да пиете што повеќе вода и чај без шеќер.