Реклама
MAMAКафе муабет

Почитувај се себеси и не враќај им се на оние кои веќе еднаш те оставиле

Реклама

Почитувај се себеси и не враќај им се на оние кои веќе те оставиле и гледајќи ги твоите солзи, си заминале без збор. Не враќај им се на оние кои уживаа во твојата ранливост, затоа што на тој начин може да го прават она што го сакаат, не стравувајќи дека ќе им возвратиш.

Не враќај им се на оние кои постојано ги менуваа своите чувства кон тебе, па еден момент беа љубезни и добри, а веќе другиот момент беа најлошата личност на светот. Од почит кон себе, не враќај им се на оние кои ги игнорираа твоите повици, кои ја слушаа твојата молитва за помош, но никогаш не им беше приоритет. Не враќај им се на оние кои очекуваа дека секогаш ќе им бидеш на располагање, а тебе никогаш не те ставаа на приоритетната листа.

Маркетинг

Од почит кон себе, не враќај им се на оние личности кои те даруваа со прекрасни зборови и подароци, а те лажеа и изневеруваа секогаш кога имаа прилика за тоа, затоа што веруваа дека нивната игра ќе трае вечно… Имај почит кон своето срце на кое не можеш да му кажеш колку може да издржи. Секогаш сети се на она што те правело среќна, без потоа да те турне во депресија. Верувај во искуствата од својот живот и ќе доживееш помалку разочаруања. Биди внимателна пред себе и од почит кон својата личност, не враќај се онаму од каде што веќе еднаш си била протерана…

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button