Најбрзо и најлесно е да се нарпават тестенини, па затоа не е ни чудно што тие се често јадење кај луѓето кои постојано се во брзање. Но, сигурни ли сте дека ги подготвувате најдобро што знаете?
Еден австралиски готвач наведува пет грешки кои ги прават повеќето кога самите дома ги приготвуваат тестенините.Најбрзо и најлесно е да се нарпават тестенини, па затоа не е ни чудно што тие се често јадење кај луѓето кои постојано се во брзање. Но, сигурни ли сте дека ги подготвувате најдобро што знаете? Еден австралиски готвач наведува пет грешки кои ги прават повеќето кога самите дома ги приготвуваат тестенините. Истите ви ги пренесуваме во продолжение.
Ставање сос на тестенините – всушност, треба обратно. Откако ќе се сварат тестенините, ставете ги во садот со сос и дозволете им да ја впијат аромата.
Преварени тестенини – ова е најчеста грешка. Имено, треба да ги извадите две минути пред препорачаното време за готвење, а процесот ќе се доврши додека „лежат“ во сосот.
Ставање сланина во карбонара – она што го гледате во карбонара сосот во рестораните најчесто не е сланина, туку италијанско месо.
Пробување на самиот крај – готвачите цело време ги пробуваат тестенините, со цел на крај вкусот да биде оптимален.
Несолена вода – најдобро е да ставите сол во водата уште пред да ги додадете тестенините, а не во текот на нивното варење.