Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Ракот ќе добие интересни информации, а Вагата ќе се расположи од еден разговор

Реклама

Еве што ве очекува првиот ден од оваа работна недела…

Овен

Обврските кои доаѓаат ќе ви го одвлечат вниманието од некои важни случувања околу вас. Обидете се да не им дозволите на другите да ви пречат во она што сте го испланирале. Контакт со некој од минатото ќе ви донесе голема штета.

Бик

Она што сте го започнале во минатото, сега има големи шанси да успее. Ќе ја имате поддршката од колегите и од најблиските соработници. Денес можете да го промените мислењето за некои луѓе. Некој повик или некоја порака ќе ве натера на размислување.

Маркетинг

Близнаци

Свесни сте дека мора да побрзате и дека сте ограничени со рокови, но некако сѐ успевате да оставите за последен момент. Имате предиспозиции за еден важен разговор. Се интересирате за една личност, но не сте сигурни дали оставивте добар впечаток.

Рак

Денес ќе добиете едни многу интересни информации кои ќе ви разрешат недоумици од минатото. Не изненадувајте се колку работи ќе дознаете што не сте ни ги помислувале. Некој ќе почне да покажува интерес за вас.

Маркетинг

Лав

Однапред ќе се нервирате кога ќе помислите колку работа ве очекува. Не очекувајте помош од другите, затоа што нема да ја добиете. Можно е некоја личност поврзана со работата да ве повика на состанок или пијалак.

Девица

Вие ќе бидете во доста променливо расположение. Еден миг ќе бидете полни со енергија, другиот веќе ќе бидете изнемоштени. Но, најдете време и простор да се сконцентрирате на некои задачи кои ви се итни. Ќе чувствувате и блага несигурност.

Вага

Еден разговор буквално ќе ве расположи и ќе бидете мотивирани целиот работен ден. Едвај чекате да ги оставите работните обврски зад себе и да се посветите некому кој ви е особено интересен.

Скорпија

Денес пред вас ќе се отвори некоја прилика и вие ќе умеете да ја искористите, особено затоа што пред тоа била понудена на некој ваш колега кој не можел да заврши сѐ навреме. Ви годи што другите имаат доверба во вас. Емотивно ќе се расположите дури во попладневните часови.

Стрелец

Свесни сте дека денес ќе ви се нуди нешто добро, но сметате дека е недоволно и дека не би биле целосно задоволни. Планираниот договор со партнерот можеби ќе треба да ги одложите поради премногуте обврски, но и поради недостаток на енергија.

Јарец

Некој од вас бара да го промените своето расположение, што ви паѓа дополнително тешко. Сметате дека другат астрана греши и моментално не сте спремни на компромис. Во однос на саканата личност ќе се чувствувате несигурно и ќе бидете полни со сомнеж.

Водолија

Денес некој може да ви замери дека не сте ги завршиле работните обврски како што треба, но вие моментално не сте расположени да ги слушате туѓите критики. Свесни сте дека во дадени околности го дадовте својот максимум. Емотивна дистанцираност.

Риби

Колку и да сакате да не обрнувате внимание на мислењата на другите околу вас, сепак, изгледа дека тие се во право и дека треба да промените некои работи. Ќе се обидувате да допрете до некоја личност која ви буди голем интерес, но моментално немате голем успех во тоа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button