Во животот постојат многубројни ситуации кои ќе ве натераат да ја изгубите вербата во себе и на светот да гледате со сосема поинакви очи. Но, бидете благодарни на сѐ. Еве и зошто.
Бидете благодарни на сите што ве лажеле, зашто ви ја покажале вредноста на вистината.
Бидете благодарни на сите оние кои не верувале во вас, зашто со тоа ви дале сила да поместите и планини.
Бидете благодарни на оние кои ги изневериле вашите чувства, зашто со тоа направиле да се пробудите.
Бидете благодарни на сите оние кои ве повредиле, зашто ве научиле да ја победите болката.
Бидете благодарни на сите оние кои ве искористиле, зашто ве научиле да останете присебни.
Бидете благодарни на сите оние кои ги исмевале вашите цели, затоа што поради нив станавте поамбициозни.
Бидете благодарни на сите оние кои ја изневериле вашата доверба, затоа што поради нив станавте повнимателни.
Бидете благодарни, затоа што со сите овие грешки вие станавте жена каква што сте денес. Благодарејќи на ваквите луѓе, веќе ќе знаете на кои да им правите место во вашиот живот, ќе бидете помудри и ќе знаете да правите разлика помеѓу она вистинското и она лажното.