LIFESTYLEВирално

Оваа невеста има необично барање, поради што никој не сака да ѝ сошие венчаница

Advertisement

Секоја невеста знае колку е тешко да се пронајде венчаницата од соништата, но за една Британка тоа е навистина невозможна мисија.

Advertisement

Иако точно знае каков фустан сака и за оној кој ќе ѝ ја сошие спремна е да плати дури 15 илјади фунти, сите ја одбиваат поради едно бизарно барање. Проблемот е во тоа што таа сака на венчаницата да биде сошиена косата на нејзината покојна мајка. Невестата нацртала како сака да изгледа фустанот, според примерот на венчаницата на нејзината мајка.

„Мојата мајка умре неодамна и би сакала на овој начин да ѝ оддадам почит. Во 2014 година дознав дека е тешко болна и почнав да ја собирам нејзината коса. Од почетокот не знаев што ќе правам со неа, но сега ѝ ја пронајдов целта“, напишала невестата.

Advertisement

Колку и да е бизарна нејзината идеја, мора да се согласите и дека е многу емотивна и тажна, па се надеваме дека некој наскоро ќе ѝ ја исполни желбата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button