Секојдневно користите кармин? Еве зошто тоа не е добро за вашето здравје
Црвените усни се тајното оружје на секоја жена…
Но, колку оваа навика може моментално да ве направи поубави, толку може и долготрајно да ви наштети по вашето здравје, особено ако претерувате. Имено, научниците од еден американски универзитет спровеле истражување и дошле до загрижувачки резултати.
Тие испитале 32 различни производи за усни и во нив откриле големи концентрации на олово, алуминиум и уште неколку тешки метали. Во некои производи концентрациите биле толку високи, што предизвикуваат вистинска загриженост за здравјето, односно, зголемен ризик за развој на рак и невролошки потешкотии.
Докажано е дека организмот на личноста која често користи кармин може да апсорбира околу 24 милиграми, а оние кои усните ги мачкаат баш секој ден, и до 87 милиграми. Секако, тоа не значи дека уште веднаш треба да престанете да ги користите кармините и да ги фрлите во ѓубре. Усните и понатаму можете да ги мачкате со вашата омилена нијанса, но само обидете се во тоа да биддете умерени. Брендовите во истражувањето не се именувани, но научниците истакнуваат дека нема голема разлика помеѓу оние кои се присутни на пазарот.