Тагата што остана НИКОГАШ нема да помине – познати пејачи кои својот живот го завршија во страшни сообраќајни несреќи!
Овие пејачи беа на врвот на својата кариера, но нивните животи завршија прерано во трагични сообраќајни несреќи
Тие не напуштија, но нивните песни се уште го слушаме и тие живеат преку својата музика во нас.
Тука на оваа листа на прво место ќе го споменеме Тоше Проески, кој го заврши својот живот во 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска. Младата ѕвезда се наоѓаше на сувозачкото седиште, додека возачот Георги Георгиевски доби потешки повреди на главата, а менаџерката помина со полесни повреди. Проески беше на врвот на својата музичка кариера, а со својот талент го освои сите простори на поранешната Југославија. Имаше само 26 години кога почина …
Љубиша Стојановиќ Луис
Пејач со раскошен вокал, познат по својот имиџ и необичен музички стил тој настрада во сообраќајна несреќа во 2011 година во близина на Нови Сад. Кариерата ја започна во 1970 година, а прекарот го доби на девет години кога успешно ги изведуваше песните на Луис Армстронг.
Тој беше меѓу првите што комбинираше џез со фолклор, а во 1980 го снимаше првиот албум „Не колни ме, не грди ме, мајко“ кој беше успешен во цела поранешна Југославија.
Црвена јабука
Приказната за овој бенд е навистина тажна. На 19 септември 1986 година, брзајќи да стигнат на концерт во Мостар животот ќе го изгубат во страшна сообраќајна несреќа двајца членови на бендот – басистот Аљоша Буха и фронтменот и основачот на бендот Дражен Ричи со прекар Зиљо кој беше во кома и им подлегна на повредите неколку дена подоцна.
Како што тогаш пренесе популарниот магазин Рок, тие се возеле во своето фичо, а зад нив останатите членови се возеле во голф, додека во Застава 1500 биле претставниците на Атлас од Зеница кои ја организираа нивната турнеја.
Нешто откако шго поминале половина пат, во една остра кривина фичото почнал од да се занесува и ја преминало лентата и директно се судрило со камион.
Страшната вест беше соопштена на публиката која ги чекаше да настапат на сцената, а само неколку минути подоцна, по истиот пат поминале и другите две возила од екипата, и ја заобиколиле групата со насобрани луѓе околу смачканото фичо. Бидејќи брзале немале време да застанат на местото на несреќата. Тие ни на сон не можеле да претпостават дека токму нивните другари настрадале, иако цело време им било чудно како успеале толку да им избегаат со фичето.
Веста ја дознаа на самото место каде требаше да се одржи концертот.