Кејт Мидлтон за овој важен настан се обиде да го повтори изгледот на принцезата Дајана, но за жал безуспешно (фото)
Војвотката од Кембриџ и овој пат му остана верна на својот омилен бренд Александар Меквин
Кејт Мидлтон и овој пат му остана верна на својот омилен бренд Александар Меквин избирајќи долг сатенски фустан кој совршено ја истакна нејзината витка линија.
Но за разлика од Меган Маркл која со денови нижи модни успеси, Кејт Мидлтон овој пат потфрли кога е нејзиниот стил во прашање. Имено, таа на свечената вечера што ја приреди кралицата Елизабета во чест на холандското кралско семејство го избра фустанот од Меквин кој и покрај тоа што совршено и стоеше, бидејќи беше истуткан многумина ја критикуваа.
И додека кралицата Елизабета и кралицата Максима блескаа во своите раскошни тоалети и сјајни круни, Кејт успеа да го предизвика вниманието на себе, но не во позитивна смисла. На многумина нејзината креација ги потсети на едно издание на принцезата Дајана, па на социјалните мрежи почнаа да објавуваат и фотографии за да го докажат тоа. Но поради стутканиот фустан не беа ретки оние што го критикуваа ова издание на војвотката, сметајќи дека требало да избере нешто што е поелегантно и да изгледа поженствено.
https://www.instagram.com/p/BpSu44kHFfj/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BpUc76dlsXs/?utm_source=ig_embed
Но тој не толку сензационален фустан Кејт го зачини со и те како важни парчиња накит со кои пред с им одаде почит на принцезата Дајана и кралицата Елизабета. Имено, таа на свечената вечера ја носеше раскошната тијара Cambridge Lover’s Knot која е со долга традиција во кралското семејство, опточена со дијаманти и бисери и која претходно и припаѓаше на принцезата Дајана. Кејт оваа тијара ја носеше со бисерни обетки кои исто така и припаѓаат на мајката на принцот Вилијам, а на себе го носеше и брошот со слика од кралицата во помладите денови отсликана на слонова коска и опточена со дијаманти и круна од династијата Тјудот која исто така е сочинета од дијаманти.
https://www.instagram.com/p/BpUkJjVh_xQ/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BpUM-ZzgxoR/?utm_source=ig_embed
За оваа пригода Кејт носеше и огрлица од големо историско значење. Имено, ова парче е опточено со дијаманти и бисери и порано беше во сопственост на кралицата Александра која го доби од кралот Едварт VII како венчален поклон.
https://www.instagram.com/p/BpUpQ2hFQQX/?utm_source=ig_embed
Оваа огрлица ја носеше и Кралицата Мајка, мајката на кралицата Елизабета токму во идентична комбинација со брошот и тоа на свечената вечера исто така во чест на холандското кралско семејство од 1982 година.
https://www.instagram.com/p/BpTqk28hRyY/?utm_source=ig_embed