За поблескава коса и поздрава кожа во зима – лесни и брзи маски од кафе кои можете да ги подготвите дома
Во студените денови на кожата ѝ е потребна посебна нега. Студенилото може да ја уништи вашата убавина, а за да го заштитите вашето лице и коса од негативното влијание на ниските температури, послужете се со оваа маска од кафе. Од популарниот утрински напиток самите можете да направите природни производи за нега.
Нега на косата
Сварете благо кафе и оставете го да се олади, па едноставно нанесете го преку целата коса и ставете си пластична капа. Измијте ја косата после 20 минути и тоа со обична вода, па ќе забележите дека влакната ви изгледаат посјајни, а ќе се ослободите и од вишокот масти.
Маска за лице
За оваа маска треба малку повеќе да се потрудите а ќе ви бидат потребни следниве состојки:
- 2 лажици мелено кафе
- 2 лажици какао во прав
- 3 лажици млеко или јогурт
- 1 лажичка мед
Наведените состојки ставете ги во ист сад и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа нанесете ја маската на лицето и направете лесна масажа со цел да ја поттикнете циркулацијата. После 15 минути измијте ја маската со млака вода и нанесете го омилениот хидратантен крем.