Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Бикот треба да се посвети на љубовта, а Ракот може да запознае интересна личност

Реклама

Денешниов ден е полн со изненадувања…

Овен

Ова ќе ви биде особено значаен дел во деловниот сегмент. Ќе добиете поддршка и помош од сечија страна, а невработените можно е да добијат нови позитивни информации. Партнерот ќе се труди да ви се приближи, а една личност особено ќе се ангажира околу вас.

Бик

Денес ќе остварите важни комуникации во деловниот сегмент. Можни се договори со личност со која веќе долго време се обидувате да остварите контакт. Вистинско време е да се посветите и на љубовен план.

Маркетинг

Близнаци

Од работата ќе ви биде буквално преку глава. Некои ситуации ви се комплицирани, но вие трпеливо ќе се трудите да дојдете до решение. Подготвени сте за некои прашања да му се отворите на вашиот љубовен партнер.

Рак

Денес ќе чувствувате дека ви пречат некои ситници, но не дозволувајте тоа да ви влијае на целокупниот однос со колегите. Одличен ден е и за емотивни средби и контакти, а попладнето или вечерта може да запознаете интересна личност.

Маркетинг

Лав

Денес ќе се обидувате да се вклопите во вашето опкружување. Не можете добро да си ги разграничите личните и деловниоте приоритети, па ќе ви биде потешко да пронајдете рамнотежа и да го направите она што ви е важно. Не брзајте, така само ќе си наштетите себеси.

Девица

Би било одлично да можете да успеете на различни страни одеднаш, но тоа практично е неизводливо. Си зедовте премногу обврски на себе, па нема да успеете да завршите сѐ навремено. Бидејќи не сакате од ништо да се откажете, направете си приоритетна листа.

Вага

Денес ќе морате да промените нешто во вашите планови. Со ова темпо со кое сте тргнале, нема да успеете да го постигнете посакуваното. Проценете во кои ситуации треба да попуштите и да не се инаетите. Средба со саканата личност ќе ве опушти.

Скорпија

Сите планови денес ви се одвиваат прилично бавно, но сигурно. Можеби би сакале да забрзате некои ситуации, но ќе сфатите дека не можете да влијаете на околината и на другите луѓе. Денес е вистински момент за средба со саканата личност или за комуникација со некој кој ви се допаѓа.

Стрелец

Овој ден ве очекуваат големи активности со вашите колеги. Можеби ќе треба да извршите и некои приватни работи, но прашање на време е дали ќе успеете, зашто сте доста ограничени со временски рокови. Обидете се да направите подетален план и да се организирате.

Јарец

Сето она што ви е врзано со работата, денес ќе успеете да го постигнете. Но, ситуациите ќе се одвиваат со регуларно, нормално темпо, а вие ќе имате доволно време да размислете за нешто што моментално ви е многу важно – за љубовта. Денес е баш за тоа, ден за емоции и задоволство.

Водолија

Ова е одличен ден за извршување приватни работи, редовни обврски и за сето она што претходно не сте успеале да го завршите. Сега ќе имате доволно време, а притоа ќе сакате да поминете што е можно повеќе време со некој кој ви е особено важен.

Риби

Овој ден ќе ви биде полн со разни случувања, како на деловен, така и на емотивен план. И во едниот и во другиот сегмент ќе имате можност за нови познанства кои уште веднаш ќе ви го привлечат вниманието. Слушајте ја својата интуиција.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button