Вагата е совршено природна жена која плени со својата елеганција. нејзината женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.
Во љубовта тие играат отворени и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот љубен. Кога вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници. Но, внимавајте бидејќи не сите луѓе се како вас. Некој лесно би можел да ја прогласи вашата искреност за наивност и да ве повреди.
Вие не сакате да ги наметнувате вашите ставови ниту пак се држите цврсто за нив. Во вас постои силна црта на емпатија и сакате искрено да го сфатите размислувањето на сите околу вас. Ако откриете дека некој размислува различно од вас, вие нема веднаш да ги прогласите за глупави и да се обидете да ги уверите во вашите ставови, туку едноставно ќе размислите дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.
Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе сила која дури ни самата не знаела дека ја поседува.