Ако ги изберете вистинската големина и вистинскиот облик за своето лице, шишките може да бидат полн погодок. Ако имате масна кожа и коса, најверојатно веќе после половина ден имате потреба да ги тргнете шишките од вашето лице, зашто не изгледаат ниту малку привлечно. Но, и за овој проблем постои решение. Следете ги овие совети и вашите шишки ќе изгледаат одлично секој ден.
Брзо сушење
После миењето, шишките се сушат значително побрзо од остатокот од косата, па би требало да ги сушите непосредно по миењето, затоа што полесно ќе ги скротите отколку ако бидат исушени на половина.
Внимателно со производите
Што повеќе производи нанесувате на косата, таа побрзо ќе се масти. Затоа, на шишките нанесувајте ги само нужните производи како шампон и лак за коса.
Брзо миење
Со цел да изгледаат што подобро, би било најдобро шишките да ги миете секојдневно. Остатокот од косата врзете ја во коњско опавче, а измијте ги само шишките. Ако сте во брзање, ќе ви помогне и шампонот за суво миење, но не треба да го користите повеќе денови по ред.
Вложите во апарати
Со цел да изгледаат што е можно подобро, шишките бараат стилизирање со посебни апарати наменети за тоа. Ако планирате да ја задржите таа фризура, ви советуваме да вложите во квалитетна четка или мала пегла за коса со чијашто помош ќе остварите најдобри резултати.