Реклама
BEAUTYНега и здравје

Јаболко – чувар на вашето здравје, одличен пријател на вашата диета

Реклама

Општо е познато дека барем едно јаболко дневно придонесува за општото здравје

утриционистите предлагаат годишно да изедеме барем 30 до 40 килограми јаболка, а лицата кои се хранат правилно, јадат и повеќе. Јаболката го олеснува варењето на храната. Содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбранбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и штитат од рак.

Маркетинг

Со јаболкото е многу полесно да се издржи диетата, бидејќи тоа содржи пектин, кој набабрува и создава чувство на заситеност. Истражувањата покажуваат дека танинската киселина значително влијае на метаболизмот на мастите и го оневозможува нивното таложење во црниот дроб. Тоа откритие отвора можности за примената на танинот во редукциските диети и ја оправдува народната мудрост дека јаболкото помага при слабеењето. Со јаболкото се внесува многу вода (што е и пожелно при редукциските диети), се внесуваат и потребните витамини, минерали и влакна.

Јаболките помагаат и против дијареа. Се јадат рендани или пак компот од јаболко. Особено се препорачува употребата на кисело јаболко. Ренданите јаболки не се засладуваат, и пред да ги јадете, оставете ги малку во воздухот за да се потемнат. Исто така се користат и за подобро варење. Потребно е редовно јадење на печено или варено јаболко, или пак компир од јаболка, особено ви зимскиот период. Препорачливо е да се јадат две свежи јаболка по појадок и вечера. Терапијата трае пет дена.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button