Реклама
Култура[тор]

Научниците потврдија дека на Венеција и се заканува потоп – до крајот на овој век ќе биде под вода

Реклама

Последица на временските промени

Венеција, базиликата во Аквилеј, Тир или Ефес, места на Медитеранот од пописот на свеската културна ризница се загрозени со растењето на нивото на морето, се наведува во студиите објавени во „Nature communicationsu”.

Маркетинг

Студијата е направена од научници од Универзитетот Кил во Германија и Саутемтон во Англија и содржи индекс на културното наследство по ниво на загрозеност поради климатските промени кои ќе ги загрозат до крајот на столетието. Според тој индекс, Венеција и нејзината лагуна, потоа ренесансниот град Ферара, гратчето и базиликата на патријархот Попонеа во Аквилеја во Италија се на самиот врв меѓу најзагрозените на тој попис.

Тие се сместени на места каде е посебно големо загрозувањето на растот на нивото на водата на морето, се наведува во соопштението на Универзитетот во Саутемтон. Венеција полека тоне по 10 сантиметри во секое столетие поради растот на морето што е последица на прогресијата на делтата и сложување на седиментите, предупредува УНЕСКО.

Маркетинг

Во 20 век Венеција изгуби дополнителни 10 до 13 сантиметри поради индустријата која што ги искористува подземните води. Од друга страна пак, познатите археолошки остатоци на градот Тир во Либан, целосното археолошко наоѓалиште Тарагона во Шпанија како и Ефес во Турција, најзагрозени се поради ерозија на крајбрежјето.

Според оваа студија, од потоп се загрозени 37 места на Средоземното море, а од ерозија 42. До крајот на овој век, се наведува понатаму во студијата, само два места на Средоземното море, а тоа се Медина во Тунис и археолошкиот комплекс Ксант Летон во Турција, ќе ги избегнат опасностите од потопување и ерозија.

Пред овие места кои се внесени во УНЕСКО како светско културно наследство постојат „бројни предизвици“ како истите би се прилагодиле на последиците на растот на нивото на морето, истакнува Сели Браун од Универзитетот Саутемптон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button