Жената Водолија сака да биде своја и да го живее својот живот. Таа ќе се впушта во различни видови авантури и ќе учи по пат.
Водолијата е природен лидер, па затоа и ја користи оваа карактеристика за да направи позитивна промена. Оваа жена е свесна за својата сила, но исто така и точно знае што сака. Таа е голем визионер, па неретко без размислување создава нешто сосема различно од другите околу неа. Таа има сопствена мотивација и инспирација, па лесно ги надминува тешките предизвици и брзо расте и еволуира во личност на која сите се горди. Монотонијата ја убива.
Водолијата е воздушен знак, па затоа е и многу желна за надворешна стимулација. Таа е свесна за својата внатрешна моќ и не постои ништо на светот што може да ја сопре во своите намери. Таа е полна со живот и сака да ги држи нештата под своја контрола. Затоа и мора да внимавате да не ја згушите, бидејќи без доволно воздух, нејзиниот пламен ќе згасне.