Благодарение на својата голема популарност во светот, лешникот е застапен во многу рецепти и производи. Покрај бадемите, лешникот е плод кој содржи најмногу витамин Е, кој штити од слободни радикали и придонесува за здравјето на целиот организам.
Диетални влакна
Лешникот е добар извор на диетални влакна. Имено, 100 грама лешници содржат 10 грама диетални влакна, што е дури 39% од дневно препорачаната количина. Лешниците се добар избор за зајакнување на имунитетот, посебно кај децата.
Витамин Е
Благодарејќи на високото ниво на витамин Е, лешниците се дори антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали, ги намалуваат знаците на стареење и го зајакнуваат имунитетот. Интересно е тоа дека лешникот содржи и значително ниво на фолна киселина, која обично ја наоѓаме во зелениот лиснат зеленчук, но многу лесно се уништува со термичка обработка.
Користи од јадењето лешници:
- Спречува кардиоваскуларни болести
- Го намалува ризикот од настанување тумор
- Помага во борбата против слободни радикали
- Го намалува лошиот холестерол
- Го зајакнува имунитетот
- Помага при здрав развој на фетусот