Природни лекови кои ги убиваат вирусите и настинките – вреди да ги послушате овие совети на нутриционистите
Најдобрата одбрана од вируси е зајакнување на имунитетот со вистинска, урамнотежена исхрана. Поради неквалитетна храна, може да бидете подложни на повеќе инфекции, а заздравувањето ќе трае подолг период. Затоа, во исхраната треба да вклучите квалитетни производи производи.
Сандра Мариќ Булат нагласува дека во организмот треба да се внесуваат квалитетни ферментирани млечни производи, како јогурт и кефир. Исто така не избегнувајте го сезонското овошје – калинката. Таа делува антимикробно против бактерии кои предизвикуваат многу респираторни болести. Содржи и антиоксиданси кои ги намалуваат симптомите на настинка.
Сандра додава дека висока доза витамин Ц се добива и од лимонот. Лимонот е клучен за зајакнување на имунолошкиот систем и исто така помага за намалување на воспалителните процеси во целото тело. Редовното внесување на киви пак го намалува траењето и тежината на симптомите на инфекции на горните дишни патишта, а помага и при воспаление на грлото.
Медот природно ја намалува болката во брлото и делува како средство за отстранување на кашлицата. Тој му овозможува на телото да го зајакне својот имунитет и да се бори против инфекции и вируси.
Пилешката супа има силно противвоспалително дејство, па ги ублажува симптомите на инфекции на горните дишни патишта. Домашната пилешка супа содржи состојки кои изобилуваат со витамини и минерали.