Реклама
MAMAКафе муабет

Ако синоќа сонувавте бебе – еве што ви предвидува тоа

Реклама

Како и на јаве, и во сон новороденчето или бебето означува исполнување на желбите и нов почеток. Соновите со бебињата многу ретко се негативни…

Сонување свое бебе

Ако во сон видите свое новороденче, тоа укажува дека повеќе време ќе си посветите себеси. Можно е да се одлучите да го реорганизирате својот живот и да се вратите на целите кои одамна ги заборавивте.

Сонување туѓо бебе

Доколку во сон видите туѓо бебе, тоа значи дека ве очекува среќа во куќата. Најверојатно ќе сфатите дека членовите на вашето семејство се оние кои ќе ви се најдат и во добро и во зло, па потрудете се кон нив да се однесувате уште подобро од порано.

Маркетинг

Сонување како плаче некое бебе

Ако во сон бебето плаче, тоа значи дека ќе бидете препуштени самите на себе. Можеби ќе се најдете во некоја нова и неизвесна ситуација, од која ќе мора самите да се изборите.

Сонување мртво бебе

Ако сонувате мртвородено бебе, тоа може да значи дека сте загрижени и тоа со некоја причина, но дека сепак ќе најдете излез од ситуацијата. Од вас најмногу зависи како ќе гледате на животните промени.

Маркетинг

Сонување како бањате некое бебе

Ова означува добро здравје, среќа и долг живот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button