Овие робусни чизми се еден од најпопуларните есенски трендови – еве ги најдобрите модели, но и како ги носи Меланија Трамп
Тренд кој е хит меѓу модните блогерки
Војничките чизми кои на прв поглед изгледаат како стилизирани мартинки или гојзерици, оваа сезона се апсолутен хит, а во своите колекции ги имаат и најпознатите модни куќи како Dolce&Gabanna, Givenchy, Jimmy Choo и Valentino. Тие на секој стајлинг ќе му додадат младешки бунтовнички дух, а покрај тоа што се совршени за првите есенски студени денови одлично се вклопуваат во секој стил. Тоа можеме да го видиме и од бројните комбинации на девојките како Џиџи Хадид, и Кија Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд кои успешно ги комбинираат со кратки фустани или сукњи, но и од последното издание на првата дама на Америка која што ги носеше со тесни фармерки.
Меланија, иако најчесто ја гледаме во нејзините омилени високи потпетици одпознатите дизајнерски брендови, често можеме да ја видиме и во популарниот модел од „adidas“, „Stan Smith“, или легендарните „старки“ во кои изгледа беспрекорно. Впрочем таа изгледа неодоливо и во овие робусни чизми со потписот на модната куќа „Timberland“ за кои убавата прва дама издвои нешто помалку од 150 евра.
За ова издание Меланија доби безброј комплименти.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
Dolce & Gabbana
H&M
Pull and Bear
Zara
Zara
Повеќе модели погледнете во галеријата >>