Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Навидум се дрски и пасивни, но длабоко во себе Раковите кријат емоции кои ретко кој може да ги разбере

Реклама

Раковите навидум изгелдаат крути, дрски и пасивни, но длабоко во себе тие кријат сложена емотивна структура и работите ги доживуваат многу лично.

Тие се луѓе создадени од силни чувства, таинствени се и многу внимателни. Повеќето не се грижат толку за себе, колку за нивното семејство, особено за децата. Имаат посебно чувство за згрижување на нивните најмили, а исто и за сочувување на традицијата. Не важат за агресивни личности, но кога се во прашање оние што ги сакат, како и нивниот дом, тие се навистина застрашувачки.

Маркетинг

Раковите се религиозни, духовните вредности ги ценат повеќе од материјалните, љубовта им е најважна! Но, истовремено може да вложат многу и на професионален план. Кога имаат јасна цел, тие се одлучни и упорни, не трошат време за излегување, дружби и забави, туку повеќе се насочени кон работата и семејството. Имаат доста познаници, а малку пријатели. Кога се во некое поголемо друштво, тие се чувствуваат незгодно и се држат на страна.

За секој вистински Рак животот без љубов, па дури и ако не е возвратена, е вегетирање. Тие се многу чувствителни, а кога се заљубени – уште повеќе. Раковите можат многу да пружат во една љубовна врска. Знаат што им треба на нивните партнери за да ги задоволат, зашто имаат голема интуиција.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button