„Самоконтрола“ е многу соодветен збор за опис на карактерот на женските јарци. Контролирајќи ги своите емоции, претставничките на овој знак делуваат како да се во секој момент стопроцентно смирени, спокојни и присебни. Тие мора да се контролираат, бидејќи длабоко во себе се целосно спротивни.
Оваа жена го има сето трпение на светот и не се плаши да го употреби. Таа најверојатно си мисли дека не ѝ е потребен партнер, сè додека некој доволно упорен, не ја убеди во спротивното. Тајната е да бидете доволно мил, за да успеете да го стопите нејзиниот леден ѕид.
Доколку не ја познавате добро може да помислите дека изгледа како некоја ледена кралица, но реалноста е поинаква. Таа е страсна девојка, но тоа добро го сокрива, прикажувајќи му ја на светот само својата студена надворешност. Ако успеете да ја препознаете нејзината поинаква внатрешна страна, ќе бидете еден чекор поблиску до нејзините вистински намери со вас.