Сигурно и вие познавате личност од која ретко или никогаш не би слушнале „извини“. Личностите родени во следниве три хороскопски знаци важат за најтврдоглави и најгорди личности од сите.
Овен
Овенот речиси никогаш нема да ви се извини. А ако го направи тоа, сигурно ќе биде во некоја ситуација која е премногу сериозна. Тие ќе ги игнорираат обвинувањата и ќе продолжат да ги прават работите по свое.
Лав
Кога ќе се најде во конфликт, Лавот со сите сили ќе се обиде да се избори за своите ставови. Ако пак сфати дека погрешил, ќе стане драматичен и ќе одржи говор кој ќе покаже дека тој сепак не е губитник.
Скорпија
Личностите родени во знакот Скоприја се подготвени за разговор сѐ додека не го повредите нивното его. Понекогаш ако навистина се чувствуваат виновни, може да ви се извинат, но ако вината е ваша, постои можност толку да се навредат, што би го прекинале односот со вас.