Последните неколку дена странските медиуми не прекинуваат да пишуваат за тоа дали принцот Хари и Меган Маркл наскоро ќе добијат дете.
Обожавателите веруваат дека тоа е вистина, а овие вести дополнително ги поткрепи Меган која изминатиот месец се појави во фустан низ кој наводно се гледаше заоблениот стомак. Сепак, подоцна се воспостави дека тоа е само ветар кој во моментот дувал, па направи војвотката да делува како да е бремена.
Џуди Џејмс, експерт за објаснување на говорот на телото, вели дека Меган често ги става рацете преку стомакот, што укажува на можна бременост, но фактот дека при крај на месецот заедно со Хари ќе ја посетат Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга, сепак укажува на тоа дека кралското бебе не стигнува толку брзо. Кај познатите дами, а особено кај кралските, обичај е да се трудат што подолго да ја задржат оваа вест во тајност, а бидејќи Меган е повеќе отворена кога е во прашање говорот на телото, се верува дека бременоста ќе ја открие малку порано отколку што е обичај за кралската традиција