Реклама
MAMAКафе муабет

Во вашиот живот, одлуките се ваши: Никогаш не правдете им се на другите за своите избори

Реклама

Кога се во прашање вашите животни одлуки и избори, не би требало да чувствувате потреба истите да ги оправдувате и да им ги објаснувате на друтите луѓе. Одлуките и изборите кои ги донесувате, ве обликуваат вас и вашите животи. Во нив треба да бидете целоснио сигурни и да не чувствувате потреба за оправдување.

Вашиот приватен живот не би требало да го интересира никој друг, освен вас и вашето семејство. Нема потреба на другите да им објаснувате зошто сте сингл, зошто сте во врска со постар маж или зошто не стапувате во брак. Ако не ви е жал за нешто – не извинувајте се. Ако не се сложувате со нечие мислење – во ред е тоа да го покажете. Важно е само да бидете коректни и да не ги навредувате другите.

Маркетинг

Не чувствувајте потреба да им објасните на другите зошто сте ја промениле бојата на косата, зошто се тетовиравте, зошто се шминкате или зошто не се шминкате. Како изгледате вие е само ваш стил и најважно е да се чувствувате удобно во сопствена кожа. Само тогаш вистински ќе научите да се цените самите себе.

Дали сте задоволни со она што го постигнавте, со она во што израснавте? Ако не – тогаш продолжете да учите како да се надоградите, ако одговорот е позитивен, тогаш уживајте во вашата среќа без да им се правдате на другите за своите избори!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button