Лесно ќе ја изгубите силната жена покрај вас ако се правите недостижни, ако не ја третирате како вистинска дама
Ќе ја изгубите силната жена ако не ја поддржувате и ако не ја мотивирате. Таа е можеби поинаква, уникатна и фасцинантна, а ништо не е толку болно како губење на таква жена затоа што не сте знаеле да ја цените.
Ќе ја изгубите силната жена ако се правите недопирливи, недостижни. Силната жена нема време за мажи кои не сакаат да ги остварат своите соништа. Таа не е безобразна, ниту арогантна, само го штити своето срце. Тоа било скршено илјада пати, па затоа не дозволувајте да ја изгубите уште пред да ја освоите.
Ќе ја изгубите силната жена ако ги криете своите емоции. Таа не мисли дека сте силни ако сите работи ги задржувате во себе. Таа мисли дека сте најубави тогаш кога не се плашите да се откриете себеси и да покажете дека сте човек. Таа не сака да погодува што чувствувате, туку сака да го запознае она што го нудите. Таа го чувствува животот на еден поинаков, подлабок начин, и ѝ е потребен некој кој е ист како неа.
Ќе ја изгубите силната жена едноставно ја пуштите. Таа не е како другите. Нема да ви се врати молејќи ве. Нема да предизвикува драми. Ако очекувате дека ќе се однесува како другите – се лажете. Таа само мирно ќе гледа како ја пуштате. И затоа, кога еднаш ќе освоите силна жена – не пуштајте ја!