Некои хороскопски знаци се позрели, имаат повеќе разбирање и трпение, а и секогаш умеат да расудуваат разумно…
Девица
Девиците се родени како стара душа. Тие имаат огромно трпение, длабоко и мирно како планинско езеро. Девиците се над сѐ, но сепак се понизни, никогаш арогантни. Девиците се „мајка на целиот свет“ и сите сакаат да бидат под нивна заштита.
Јарец
Јарците се елегантни, трпеливи и мирни. Тие се мудри и луѓето кај нив доаѓаат за совет. Тие ја гледаат големата слика и се фокусираат на крајот на играта. Сфаќаат дека губењето на трпението значи само да се изгубат драгоцени минути од својот живот.
Вага
Вагите секогаш се држат до тоа да ја мерат правдата. Може да признаат кога се виновни и тоа не им ја уништува гордоста. Се извинуваат кога сметаат дека згрешиле некому. Сакаат да носат мир и да ги прават другите среќни. Никогаш не се караат на социјалните мрежи, ниту пак во реалниот живот. Како одлично вино: Тие се софистицирани и зрели.