Викторија Бекам, Меланија Трамп, Меган Маркл и многу други познати дами знаат како да остават добар впечаток и кога носат деловни изданија.
Многу компании денес не се со толку јасен дрес код. Покрај банките и одредени државни фирми и големи корпорации каде што е сместен менаџментот, скоро сите останати фирми како да попуштија и своите правила за облекување ги сведоа на минимум – без шорц, апостолки, гол стомак, па дури и кратките здолништа во 70 % случаи се дозволени.
Сепак, пристојноста но и професионализмот мора да се на ниво, а тоа пред се зборува за вас самите бидејќи без добар стил тешко можете да напредувате во кариерата колку тоа и да ви звучи „сурово“. Од друга страна последните години забележителна е и модна освестеност кај жените која допринесе нивните деловни комбинации да изгледаат тренди, но и мошне ефективно и доминантно.
Еве некои дами кои имаат таков моќен деловен стил:
Меланија Трамп
Викторија Бекам
Меган Маркл
Анџелина Џоли
Лејди Гага
Мила Кунис