Победничката на првата сезона на Задруга Кристина Кија Коцкар и нејзиниот поранешен сопруг, Слободан Радановиќ во саботата настапија во Диселдорф. Тоа воедно беше и нивниот прв заеднички настап, но и прв по разводот.
Кија за ова пригода за која нивните обожаватели се надеваат дека ќе ги има и во иднина, одлучи да носи секси црн фустан, толку краток од страните што сите беа воодушевени од нејзиното убаво тело.
И нејзината шминка и фризура изгледаа топ, додека нејзиниот поранешен сопруг Слоба беше облечен во црно од глава до пети – црна кошула и тесни, црни фармерки.
Клубот каде што тие настапија беше полн, а покрај нив во него настапија и девојките од бендот „Министерки“, кои со Коцкар имаат задника песна „Не се враќам на старо“ која заедно со публиката ја пееја на глас.