Поранешниот ангел на Викторија и една од најплатените манекенки во светот, откри една своја долгочувана тајна.
Жизел Бундхен откри непознати детали за својот живот и кариера, од кои најмногу нѐ изненади информацијата дека таа била на естетска операција. За тоа се отворила во едно интервју, при што признала дека откако престанала да ги дои своите деца, ги зголемила градите, но и дека денес жали поради тоа.
„Секогаш сум добивала комплименти за своето тело и се чувствував како луѓето од мене да очекуваат нешто што не можам да им го пружам“, признала манекенката и продолжила: „Се чувствував многу ранливо, затоа што ниту вежбањето, ниту здравата исхрана не можеа да ми помогнат во фактот дека и двете мои деца повеќе сакаа да цицаат од мојата лева дојка, отколку од десната. Само сакав да изгелдам еднакво и луѓето да престанат да коментираат.“
Кога се разбудила после операцијата, таа била зачудена и се чувствувала како да живее во некое непознато тело. Најпрво носела широка облека, затоа што ѝ било незгодно.