Актерката Блејк Лајвли во последните неколку месеци посебно ја изненадува публиката со своите потези.
Откако го избриша својот Инстаграм прфил, се преправаше дека го изневерува мажот и објавуваше необични загатки на својот Твитер профил, може да се запрашаме – зошто постојано е во одела?
Се чини дека Блејк ова го прави поради улога. Имено, ова е прв пат Блејк да глуми социопатка, а не позитивен лик кој на крајот секогаш победва. Токму затоа, Блејк се одлучила целосно да ужиува во улоага, да ја пренесе на својот реален живот и така уште повеќе да подигне прашина околу филмот кој доаѓа.
Во оваа авантра Блејк имала целосна поддршка од својот сопруг и колега. Се работи за филмот „A Simple Favor“, кој пред некој ден беше премиерно прикажан во Париз.