Ладниот балајаж најдобро ќе им прилега на оние девојки кои имаат кафеава или црна коса. Балајажот веќе долго време е најпопуларна техника за бојадисување на косата. Овој моден тренд се покажа доста добар, без разлика дали имате природна боја на коса или ви е бојадисана.
Овие денови се појави нова балајаж техника која е наменета за девојките со кафеава и црна коса, наречен ладен балајаж. Имено, овој начин на бојадисување подразбира фарбање на светли прамени кои совршено се вклопуваат со остатокот од косата, затоа што дополнително ја нагласуваат бојата, притоа не осветлувајќи ја целата коса.
Основна предност на оваа техника е целосно природниот изглед. Лесен е за одржување, а како расте косата така изгледа уште поубаво и нема очигледна линија како кај класичната омбре техника.