Секоја личност има свои мани и доблести. Сепак, кај некои одредени мани се понагласени, при што понекогаш стануваат напорни. Еве кои хороскопски знаци во Зодијакот важат за најнапорни.
Овен
Иако Овните се великодушни и топли личности, понекогаш знаат да претераат. Тешко ја познаваат границата помеѓу прифатливото и напорното, па многу брзо стануваат тешки за поднесување.
Рак
Раковите често поминуваат низ промена на расположението, при што тешко го контролираат и својот бес. Токму поради стоа стануваат напорни во својата околина која не може да го поднесе нивниот интензитет и параноја.
Вага
Личностите родени во знакот Вага се друштвени и не сакаат да поминуваат време во самотија. Сепак, тие имаат една мана, а тоа е дека се склони кон пасивна агресија. Поради чувство на мала вредности, лесно се навредуваат.
Риби
Чувствителните Риби често ги фаќа меланхолија. Претерано се чувствителни на каков било вид критики и се преполни со комплекси, што ги прави напорни во друштвото.