Познатата ѕвезда зборуваше отворено за постпородилната депресија, но и за проблемите во сексуалниот живот по двете бремености
За Криси Тајген не постојат табу теми
Оваа 32 годишна мама радо зборува за работите кои се табу тема и за кои многу мајки не зборуваат. Таа во интервју за „Women’s Health“ чија насловна ја краси откри дека го промени ставот за своето тело, но и отворено зборуваше за сексуалниот живот и психичкото здравје по борбата со постпородилната депресија. „Откако ја родив Луна, почнав премногу да пијам. Не јадев многу бидејќи желудникот ми беше полн, но со сето тоа воопшто не правев ништо добро за своето тело. Се сеќавам дека низ телото ми се појавуваа акни од ништо“, вели манекенката за своето прво пораѓање во 2016.
Поради состојбата во која се нашла започнала да пие антидепресиви, а за целата ситуација станала свесна дури на кога заминала на одмор во Бали, каде што беше заедно со својот сопруг, пејачот Џон Леџенд.
https://www.instagram.com/p/Bmb6YAlnZQG/?utm_source=ig_embed
„Тогаш се запрашав – што може да биде поважно од психичкото здравје: што е поважно од тоа да бидеш горд на самиот себе и да го правиш најдоброто што го можеш и што го знаеш за своето тело?“ вели Криси.
https://www.instagram.com/p/Bm09HY0nnqg/?taken-by=chrissyteigen
По втората бременост Криси признава дека и било незгодно кога ќе се погледнала во огледалото и ќе види колку нејзиното тело се променило, особено нејзините гради по доењето. „Со второто дете само ќе ги извадиш и не се грижиш за ништо. Кога ќе ги погледнам сега своите гради, прво ќе се запрашам што се случило со нив? Како два големи дискови кои одат секој по својот пат. Не знам ни како да ги сокријам кога сум излезена, а за тоа не сум ни свесна се додека луѓето во мое присуство не почнат да реагираат со: Вауу…“
https://www.instagram.com/p/BlzpfdtHZ3m/?taken-by=chrissyteigen
„Почнав да сфаќам дека повеќе немам килограми како некој модел за костими за капење и дека постои голема разлика помеѓу она да сакаш да бидеш во фит форма за да им се допаднеш на сите, и да бидеш среќен поради себе и да си во форма. Искрено, што се однесува до мене, јас повеќе никогаш не треба да облечам костим за капење“, изјави Криси и додаде дека се обидува да се врати на вежбањето, но и дека и кога има енергија, да го оживее својот сексуален живот.
https://www.instagram.com/p/BjAcHObH-Ex/?taken-by=chrissyteigen
„Навистина нема врска која си – секси пејачка, поранешен модел за костим за капе или само обична девојка – кога си изморена, изморена си. Се уште чувствувам страст во бракот, но дали ќе се пофаќаме кога ќе ни дојде? Не! Ќе се вратиме на тоа еден ден“, признава низ насмевка мама Криси.