Реклама
Холивуд

Како Кејт Мидлтон го преброди болното раскинување со принцот Вилијам

Реклама

Кејт Милтон и принцот Вилијам во минатото имале и тежок љубовен период. Имено, тие раскинале во 2006 година, а на Кејт Мидлтон толку и било тешко што во еден момент решила да ја напушти Велика Британија.

Нивната приказна на прв поглед делува како онаа од бајките. Се запознале за време на студиите. Вилијам потајно го сакале сите, а таа воопшто не се ни надевала дека еден ден би можела да биде негова сопруга. Но љубовта сепак се случи и траеше со години, се додека во 2006 година, по четири години врска, Кејт и Вилијам не раскинаа. Младиот принц се насочи кон своето кралско семејство и обврските кои никогаш не го заобиколувале бидејќи е втор по ред за наследство на круната, а во тие моменти Кејт минувала низ тежок период.

Маркетинг

Тие за тоа време се слушале, дури и се договориле Нова година да ја поминат заедно, но принцот во последен момент откажал и празниците ги поминал со кралското семејство. За тоа време Кејт постојано ја следеле папараци што дополнително и ја отежнувало ситуацијата, па во еден момент одлучува да ја напушти земјата како побрзо би ја пребродила кризата. Заминува на патување за Ирска заедно со својата мајка, а по три месеци повторно ќе се смири со принцот и по неколку години ќе објават дека ќе се венчаат.

Маркетинг

„Иако тогаш бев многу несреќна, сега од оваа дистанца гледам дека тоа ме направ да бидам многу посилна како личност. Запознаваш некои работи за себе кои до тогаш не си ги сфаќала“, изјави војвотката од Кембриџ во едно интервју присеќавајќи се на овие тешки денови од животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button