Повеќе никој не се сомнева дали е бремена
Меган Маркл се прошета во фустан без ракави со потписот на креаторот Џејсон Ву. Гала вечерта на која присуствуваа принцот Хари и Меган под името „100 days to Peace“ делуваше гламурозно како и најпопуларниот кралски пар.
Војвотката од Сасекс носеше фустан во кралска сина боја без ракави, а многумина го забележаа необичниот детаљ на предниот дел каде има карнери, кои се совршени за прикривање на бременоста. Дали е во прашање случајност, наскоро ќе дознаеме, а британската јавност е нестрплива и не престанува да се интересира кога Меган и Хари и официјално ќе ја соопштат среќната вест.
На почетокот од месецот австралискиот портал „New Idea“ прв ја објави веста во која наводен извор од Кенсингтонската палата ексклузивно ја потврдил бременоста на Меган додавајќи дека поради новата ситуација таа и Хари ги откажале закажаните патувања во Австралија и Нов Зеланд, но од палатата досега не се потврдени овие гласини.
Па како вам ви се допаѓа ова издание на Меган?